| MK | EN |


logo
  Компанија  
  Производи  
    1. Хартија за месна индустрија  
    2. Хартија за пекарска индустрија  
    3. Изработка на пластифицирана хартија  
    4. Печатарска хартија  
  Партнери  
  Процес  
  Контакти  

Компанија

Компанијата “Екопак СКС“ д.о.о. е формирана кон крајот на 2005 година со основна идеа за производство на амбалажна хартија за пакување прехрамбени продукти како месo и сувомеснати производи, пецива и сл. Идеата беше да се пласира производ, најнапред во Македонија а потоа и надвор, кој со својот квалитет пред се, а потооа и со флексибилноста во производството, ќе понуди нов стандард на пазарот. Со тек на време дејноста се прошири на трговија со хартија во печатарството, како рото така и табачна, наменета за печатење новини, магазини, каталози и сл. Така за кратко време компанијата стана застапник на „Vipap“ - Кршко од Словенија за овој дел на Балканот, со константно зголемување на обемот на трговија.
Целите кон кои се стреми “Екопак СКС“ во иднина е да се прошири асортиманот на производи, да се освои што поголем пазар во и надвор од границите на Македонија со перманентно подобрување на своите производи како и на услугите што ги нуди.

website tracker

© Екопак СКС - Скопје
webmaster - drasko_te@yahoo.com